Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самсунг (“Samsung“) - лидер во глобалната продажба на саундбар звучници 12 години по ред

Самсунг (“Samsung“) - лидер во глобалната продажба на саундбар звучници 12 години по ред

Самсунг (“Samsung”) објави дека го задржа своето лидерство во аудио-визуелниот сектор како водечки бренд за саундбар звучници во светот, 12 години по ред.

Според најновото истражување на “Future Source“, “Samsung” оствари 21,5% од глобалниот приход во сегментот на саундбар звучници и 19,7% од вкупниот волумен на продадени единици во 2025 година, продолжувајќи ја својата лидерска серија која започна во 2014 година. Овој јубилеј, заедно со две децении глобално лидерство на пазарот на телевизори[1],ја зацврстува позицијата на “Samsung” во водечките редови на индустријата за домашна забава.

Континуираниот успех на “Samsung” на пазарот на саундбар звучници е поттикнат од напредната аудио технологија, извонредниот звук и беспрекорната интеграција со телевизорите на “Samsung”. Надоврзувајќи се на оваа основа, “Samsung” ќе ја прошири својата аудио линија за 2026 година со нови производи кои нудат звук со киноквалитет, прилагоден на различни услови за живеење.

Линијата ќе вклучува:

·  HW-Q990H водечки саундбар звучник, наследник на моделот HW-Q990F;

·  HW-QS90H „Сè-во-едно“ саундбар звучник;

·  Music Studio 7 и Music Studio 5 Wi-Fiзвучници, дизајнирани од Бурулек (Bouroullec).

„Во ’Samsung’, особено сме горди на нашиот бренд на саундбар звучници и на нив гледаме како на начин да донесеме премиум аудио искуства во домовите насекаде“, изјави Хун Ли (Hun Lee), Извршен Потпретседател на бизнисот за Визуелни Дисплеи (Visual Display - VD) во “Samsung”. „Тоа што сме прогласени за најдобар бренд за саундбар звучници во светот 12 години по ред покрај тоа што е огромна чест, е и доказ за нашата посветеност кон премиум домашна забава.“

###

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.


[1]Omdia Q4 2025 Извештај за јавни дисплеи, според продажба на единици.

ПР објава

Слично

Поврзани вести