Samsung престанува со продажба на лаптопи во Европа
Јужнокорејскиот произведувач на електронска опрема Samsung ќе престане да ги продава во Европа своите преносливи компјутери под оперативниот систем windows како и Chromebook компјутери, поради слабата побарувачка.
„Брзо се прилагодуваме на барањата на пазарот и побарувачката“, изјавил еден од портпаролите на Samsung, додавајќи дека се работи за одлука која специфично се однесува на таа област и не се одразува на состојбата на другите пазари.
Би можело, меѓутоа, да се случи Samsung подоцна да ја поништи оваа одлука, објавено е на сајтот 20minutes.fr.
Слично
