Samsung Neo QLED телевизорите добитници на првиот официјален сертификат за гејминг
Компанијата Samsung Electronics објави дека годинешната Neo QLED серија на телевизори е добитник на првиот официјален сертификат за гејминг во ТВ индустријата.Станува збор за Gaming TV Performance сертификатот, што го издава познатиот германски инженерски институт Verband Deutscher Elektrotechniker, а Neo QLED телевизорите заслужено се здобија со истиот, благодарение на намалувањето во доцнењето на одзивот од 10 ms, HDR технологијата, како и приказот на светлина поголема од 1000 нити.

„Сè повеќе гејмери бараат и очекуваат максимум од своите телевизори, кога се работи за големина на екранот и врвен квалитет на сликата. Тоа се некои од главните насоки при купување на нов телевизор, а Samsung го препозна истото и продолжува со развој на телевизиските иновации, кои ќе ги задоволат и најспецифичните корисници“, изјави Yonghoon Choi, потпретседател на Одделението за визуелни решенија во компанијата Samsung Electronics.

ПР објава
