Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Samsung“ ќе го претстави „Galaxy Note 5“ на 13 август, тврдат корејските медиуми

„Samsung“ ќе го претстави „Galaxy Note 5“ на 13 август, тврдат корејските медиуми

Веќе се зборуваше дека „Samsung“ планира да го претстави „Galaxy Nоte 5“ на 12 август, но од изданието „Business Korea“ доаѓаат малку поинакви информации.

Според нивните извори премиерата на уредот ќе е всушност е на 13 август.

Весникот посочува дека тогаш ќе биде и премиерата на моделот „Galaxy S6 edge Plus“, кој може да помине во  зголемена верзија на познатиот „Galaxy S6 edge“.

Меѓу главните причини за повлекувањето на премиерата од саемот „IFA“ во почетокот на септември е желбата да се престигне „iPhone 6s“, кој се очекува во средината на септември. Се претпоставува дека „Galaxy Note 5“ ќе донесе 5.7 "QHD Super AMOLED дисплеј, чипсет Exynos 7422, 4GB RAM и 16МР камера со оптичка стабилизација плус познатото пенкало, кое ќе биде дополнително подобрено.

За возврат од „Galaxy S6 edge Plus“ го очекуваме со 5.7 дисплеј, чипсет Exynos 7420, 3GB RAM и 16MР камера.

Слично

Поврзани вести