Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самсунг го произведе најголемиот телевизор на сите времиња

Самсунг го произведе најголемиот телевизор на сите времиња
Технолошкиот гигант Самсунг го претстави најголемиот куќен телевизор што некогаш е произведен, со дијагонала на екранот од 280 сантиметри. Во продажба ќе се најде од следната пролет. Станува збор за нова генерација големи телевизори со екрани со ултра висока резолуција, која ветува неверојатна јасност на сликата. Уредот е претставен на саемот ИФА во Берлин, а има четири пати повеќе пиксели отколку актуелните „HD“ уреди. Светското фудбалско првенство во Бразил кое ќе се одржи следната година, ќе биде првото случување што ќе се емитува во таква резолуција, и тоа на гледачите во Јапонија. Електронскиот експерт, Бери Фокс, вели дека сликата од новиот уред е импресивна и дека нуди подобро искуство отколку 3Д.
Слично

Поврзани вести