Економија, финансии, бизнис

Контакт

Samsung GALAXY S4 од утре во сите Телеком продавници

Samsung GALAXY S4 од утре во сите Телеком продавници
Од утре во сите Телеком продавници низ Македонија, ќе може да се најде најновото иновативно комуникациско решение на пазарот – последниот модел на паметниот телефон, Samsung GALAXY S4. Т- Mobile брендот создаде специјална понуда со цел што е можно повеќе корисници да можат да си го дозволат овој паметен телефон. GALAXY S4 може да се земе во пакет и со договор преку постоечката Play L понуда на T-Mobile, со која телефонот е достапен на 9 месечни рати од по 3.017,00 денари. Новиот GALAXY S4 е создаден согласно потребите на корисниците од целиот свет. Има неверојатно модерен дизајн и форма со дебелина од само 7,9 мм, со голем екран од 5 инчи и батерија која трае подолго од кога било до сега, тежок е само 130 грама и располага со камера од 13 мегапиксели. Во моментов е достапен во црна и бела боја, а се очекува палетата на бои да се прошири до крајот на годината. Она што е невообичаено и особено иновативно кај овој најнов модел на Samsung, e можноста за контролирање на телефонот согласно движењата на очите и можноста на екранот за препознавање на ликот и гласот на сопственикот.
Слично

Поврзани вести