Економија, финансии, бизнис

Контакт

Samsung Galaxy S21 Ultra ќе ве однесе во епски височини

Samsung Galaxy S21 Ultra ќе ве однесе во епски височини

Samsung годинава реши порано да „нападне“ во премиум класата со лансирањето на новите модели од Samsung Galaxy S21 серијата, од кои најмоќен и најнапреден е Ultra моделот, овој пат за промена со поддршка и за S Pen, со што според функциите се изедначува со мултипрактичните фаблети од Samsung Galaxy Note серијата. Samsung Galaxy S21 Ultra е дефинитивно најунапредениот модел во понудата со голем број на адути, кои ќе ви овозможат епско корисничко искуство. Samsung Galaxy S21 Ultra е исто така еден од најдобрите бизнис смартфони со S Pen, безбеден софтвер со Knox сервисите, а има и фантастична подобрена камера од минатогодишниот модел.

Престижен изглед кој остава сериозен впечаток

Samsung Galaxy S21 Ultra пристигнува со многу атрактивен дизајн, кој го карактеризираат заоблени рабови, минимална рамка околу дисплејот, како и нов засек на задниот дел за главната камера, која е поставена во правоаголна израменета плочка. Според естетиката, која постојано се подобрува, овој пат Samsung го направи Galaxy S21 Ultra во две основни бои, достапни и на македонскиот пазар, и тоа - фантомска црна и фантомска сребрена, кои му даваат висок степен на елеганција, стил и сериозност во бизнис класата.

Во зависност од пазарот и достапноста Galaxy S21 Ultra може да се порача од сајтот на Samsung во дополнителни три бои меѓу кои фантомска титаниум сива, фантомска морнарско-сина, и фантомска кафена боја на маската. Смартфонот е изработен од најквалитетни материјали, со најцврстото стакло на Galaxy, отпорно на гребнатинки и помали удари, зацврстено со метална рамка. Уредот тежи 227 грама, со дебелина на профилот од 8,9 милиметри. Samsung Galaxy S21 Ultra е навистина впечатлив телефон кој дава впечаток на зрелост и престиж, па така ќе ви биде задоволство да го држите во раката, без притоа да биде тежок за пренос во џебот или ташна.

Двојно попрегледен дисплеј со „мазни“ транзиции

Samsung е лидер во квалитет на мобилните екрани и тоа уште еднаш го докажа со импресивниот Dynamic AMOLED 2X Infinity-O дисплеј со големина од 6.8 инчи, со резолуција од 1440 x 3200 пиксели, 515 ppi густина на сликата, со поддршка за HDR10+ стандардот. Тоа што е најважно е дека Samsung Galaxy S21 Ultra располага со 120 Hz стапка на освежување на сликата, што овозможува сите содржини да добијат една поинаква димензија. На пример ако играте видео игри „фрејмрeјтот“ ќе биде исклучително стабилен и богат, транзициите низ менијата и содржините во мултимедијата ќе бидат без никакво задоцнување, со што целосно визуелно искуство е поставено на следното нив. 120 Hz е гарантирана на сите нивоа на резолуција на екранот, од 1080p па нагоре сè до 1440p.

Нов ѕвер за перформанси

Samsung Galaxy S21 Ultra е лансиран со сопствениот осум-јадрен Exynos 2100 процесор, кој е изработен во најнапредниот 5nm процес што гарантира најефикасна оперативност и минимална потрошувачка на енергија. Galaxy S21 Ultra автоматски доаѓа со вграден модем за 5G мобилна конекција, па добро е да се има на располагање веднаш штом македонските мобилни оператири ја активираат 5G мрежата и во Македонија.

Овој пат корисниците на располагање имаат 12 GB RAM што е фантастично за работа со повеќе апликации, кои во секој момент може да бидат активирани во позадина, како и за непречени функции при уредување на видеа, фотографии и мобилен гејминг. Постои и специјална верзија на Samsung Galaxy S21 Ultra со дури 16 GB RAM. Samsung Galaxy S21 Ultra има на располагање батерија со капацитет од 5000 mAh, со супер брзо полнење од 25W, може и безжично да се полни со брзина од 15W и тоа преку било кој стандард, што значи дека може да се користат и Qi и PMA безжични полначи.

Samsung воведе неколку измени во пакувањето, па така Samsung Galaxy S21 Ultra се продава без вклучен полнач во кутијата. Оваа пракса се воведе за да се намали количината на електронски отпад. Доколку имате полнач од претходен модел на Galaxy серијата, истиот ќе биде компатибилен и со новиот Galaxy S21 Ultra. Треба да се напомене и дека уредот нема слот за вметнување на мемориска картичка, па така ќе треба да се потпрете на вградените 128 GB или 256 GB меморија.

Samsung Galaxy S21 Ultra може да работи со било кое S Pen од претходните генерации со идентични Air Commands и техники на внес на команди и управување во софтверот. Сепак, самиот уред нема џеб за пенкалото, ниту тоа е вклучено во пакувањето. Корисниците може да се определат и за новата верзија на S Pen Pro специјално дизајнирана за Galaxy S21 Ultra или пак да купат дополнителна кутија за негово складирање и да го носат со нив.

Samsung Galaxy S21 Ultra е нешто поевтин во однос на минатогодишниот Ultra модел што е рефлексија токму на овие измени во концептот на пакувањето.

Финални впечатоци

Samsung Galaxy S21 Ultra кој има двојна функција како премиум смартфон и мултифункционален фаблет е сигурно еден од најдобрите уреди моментално на пазарот, неговите перформанси се беспрекорни, иновациите во софтверот со OneUi 3.1 интерфејсот овозможуваат брзи транзиции и навигација низ менито, како и алатки за организација на вашиот ден, распоред, приказ на нотификациите и известувањата со пораки и активности од социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести