Економија, финансии, бизнис

Контакт

Samsung Galaxy Flip 6 - Сврти на вештачка интелигенција

Samsung Galaxy Flip 6 - Сврти на вештачка интелигенција

Во последните неколку години ретко се појавува смартфон кој ќе отскокне од конкуренцијата, и ќе понуди нешто ново и возбудливо. Новиот Samsung Galaxy Flip 6 делува како нешто свежо, уникатно и ефикасно. Уште на прв поглед сфаќате дека Samsung Galaxy Flip 6 нема да биде досаден смартфон, туку дека зад иновативниот метод на преклопување стои моќна машина, помогната со најновите алатки на вештачка интелигенција кои ги разви Samsung. 

Уредот на преклоп сигурно го забележавте за време на Олимписките игри во Париз, каде медалистите токму со Samsung Galaxy Flip6 ги овековечија славните моменти на подиумот. 

Сега Samsung Galaxy Flip6 е достапен во продажба и може одблиску да се разгледаат неговите потенцијали. Сигурно прва помисла ви е дали механизмот на преклоп функционира и дали смартфонот е компактен.

Од нашиот досегашен тест може да потенцираме дека Samsung Galaxy Flip 6 е можеби најкомпактниот телефон на преклоп. Кога е расклопен цврстата метална рамка и мазниот финиш на маската му дава впечатлив изглед, стабилност и цврстина.

Кога Samsung Galaxy Flip 6  е склопен делува многу компактно, лесно може да го сместите во џеб, ташна или ранец, а надворешниот дисплеј е доволно голем и прегледен за приказ на главните нотификации. Истовремено може да поставите кратенки до најважните апликации и да работите со него и додека е склопен.

Главниот екран воопшто не се разликува од повеќето модели, средишниот дел кој е флексибилен и каде се преклопува уредот нема никакви видливи згрутчувања, делува мазно и хомогено низ целата површина, што е многу важно за непречено гледање видеа, стори на социјални мрежи и прегледност при допишување или работа со документи.

Samsung Galaxy Flip 6 покрај компактноста може да се пофали и со врвна камера која кај ваков вид на модели најчесто е занемарена за сметка на дизајнот. Тоа не е случај со Samsung Galaxy Flip6 кој поседува главна камера од 50 мегапиксели со две леќи и селфи камера од 10 мегапиксели со висок квалитет.

Во компактното тело е сместена батерија со капацитет од 4000 mAh која се полни доста брзо и обезбедува стабилна работа со оглед на тоа што во употреба се два екрани.

Главни адути на Samsung Galaxy Flip6 се софтверските алатки помогнати со вештачката интелигенција на Galaxy AI со кои може да ги средувате вашите фотки, директно да преведувате разговори, автоматски генерирани пораки за одговор на чат без да губите време или кога сте во гужва и уште многу други кои ќе ви биде забавно да ги откривате и прилагодите според вашите потреби.

Х.С.

Слично

Поврзани вести