Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само со реформирано судство може да дојдеме до членство во ЕУ

Само со реформирано судство може да дојдеме до членство во ЕУ

Се приближува почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Методологијата според која тие ќе се одвиваат е целосно променета, а силен акцент се става на Поглавје 23 кое опфаќа значајни области како:правосудство, основни човекови права, родова рамноправност, слобода на изразување и борба против корупција.

Резултатите од теренските истражувања потврдуваат дека најголем дел од испитаниците немаат доверба во судството и сметаат дека сѐ уште постојат монтирани судски случаи. Тоа е особено забележливо кога станува збор за работничките права.

- Текстилните работници имаат навистина ограничен пристап до правда, а тоа се должи на недоволната информираност, стравот и недовербата во институциите - вели Дијана Ристовска од „Гласен текстилец“ од Штип.

Даниела Цветаноска од ЛАГ Агро Лидер од Кривогаштани истакнува дека состојбата на судството е од исклучително значење и во руралните средини.

- Населението во руралните средини особено е заинтересирано за тоа конечно да профункционираат законите, имплементацијата на законите, за ефективно судство и за правда на сите и до сите.

Одредени поместувања се направени во управното судство, преку воведувањето јавна расправа, која што значи поголема транспарентност и можност на странките директно да бидат инволвирани во самата судска постапка бидејќи претходно тоа не беше правило. Сепак, потребни се темелни реформи. 

- Спроведувањето на тие реформи не е така едноставно бидејќи институциите во судството се соочуваат пред сѐ со мал капацитет на вработени. Зголемувањето на капацитетот на вработените во судството изискува финансиски проблеми бидејќи буџетот којшто се одобрува за судството го одобрува Министерството за финансии, што значи дека се одобрува на ниво на Република Северна Македонија. Зголемувањето на вработените ќе реши дел од проблемите, меѓутоа, она што останува како проблем е, пред сѐ, волјата, односно спремноста на судството за решавање на оние состојби кои што веќе долго време се влечат во судството - вели Никола Јовановски од Центарот за правни истражувања и анализи.

Преку следното видео информирајте се повеќе за судството и како тоа ќе влијае врз преговорите со ЕУ:

https://youtu.be/49OGL40ajhA


ПР објава

Слично

Поврзани вести