Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Само еден алкохолен пијалок дневно може да го скрати вашиот живот, покажа новата студија на Универзитетот Кембриџ.

Истражувањето направено на 600.000 луѓе кои пијат алкохол покажа дека конзумирањето на пет до десет пијалоци неделно веројатно ќе го скрати животот до шест месеци.

Намалувањата на животот се зголемува со зголемување на внесот на алкохол, а оние кои пијат 18 или повеќе пијалоци неделно губат до пет години живот.

Експертите велат дека резултатите од оваа студија ја доведуваат во прашање тезата дека умереното внесување алкохол е добро за здравјето.

Сепак, тие нагласуваат дека конзумирањето на било која количина на алкохол го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. За секој 12,5 единици алкохол неделно се зголемува ризикот: 14 отсто за мозочен удар, 24 проценти за фатална хипертензивна болест, девет отсто за срцева слабост, а 15 проценти за фатална аортна аневризма.

Пиењето алкохол е поврзано со помал ризик од не смртоносни срцеви заболувања, но научниците велат дека придобивките се превземени со зголемени ризици за други форми на срцеви заболувања.

Слично

Поврзани вести