САМО ДЕНЕС: Wizz Air со 20% намалување на летовите-Читајте до која дестинација!
Нискотарифнaта авиокомпанија „Wizz Air“ денеска има промоција од 20% намалување на сите летови од и до Велика Британија, соопшти авиопревозникот.
Поводот е 30 милионскиот патник во својата мрежа од Велика Британија.
Продажбата е во рамките на еден ден, а намалувањето важи за резервации направени денес до полноќ на wizzair.com.
* Попустот од 20% се однесува на цената што ги опфаќа и таксите, задолжителните трошоци и мала кабинска торба (макс: 42 x 32 x 25 cm), но не и административната такса. Попустот важи за нови резервации за сите маршрути само до и од Обединетото Кралство. Промоцијава ќе биде активна од 0 часот на 16 август до 1 часот на 17 август, CET. Цената важи само за резервации направени на wizzair.com, m.wizzair.com, апликацијата за мобилни уреди на WIZZ.
Првиот лет на Wizz Air Скопје беше во Јуни 2011 и од тогаш Wizz постојано ја проширува мрежата во Македонија, како и основање на летови на вториот аеродром во Македонија, аеродромот во Охрид од Јуни 2015. Од првиот лет, преку 2.2 милиони патници избрале да летаат со Wizz во и од Македонија, што ја прави Wizz Air водечка авиокомпанија во Македонија во однос на расположливиот капацитет. Со новите активности во Германија, Wizz Air сега нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома: Скопје и Охрид.