САМО ДЕНЕС: 20% попуст за сите летови и сите дестинации со „Wizz Air“
Нискотарифната авиокомпанија Wizz Air најави еднодневна промоција- 20% * намалени цени за сите линии и за сите летови резервирани денес 6 септември до полноќ.
Патниците, кои го резервираат денес нискотарифниот лет за сите 124 дестинации од мрежата на Wizz Air ќе уживаат 20% намалување.
Во Македонија, „Wizz Air“ нуди вкупно 25 правци до 11 земји од своите два аеродроми во Скопје и Охрид, обезбедувајќи пристап од земјата до Европа и пошироко, овозможувајќи бизнис и останати патувања.
„Wizz Air“ неодамна ја најави новата македонска рута од Скопје до Хановер, главниот град на сојузната покраина – Долна Саксонија во Германија, која ќе започне од 31 октомври.
Слично
