Економија, финансии, бизнис

Контакт

Салонот за гуми одбележува дводецениско партнерство

Салонот за гуми одбележува дводецениско партнерство

Салонот за гуми Олимпико овој месец одбележува 20 години успешна и плодна соработка со светскиот бренд за гуми Michelin. Прославувајќи ги двете децении партнерство со оваа престижна марка од светот на пневматиците, Олимпико најавува серија на активности и поволности при купувањето за сите активни и потенцијални клиенти.

“Задоволство ни е што прославуваме ваква успешна соработка со еден светски лидер, како што е Michelin. Затоа, мај го прогласивме за месец на Олимпико и Michelin, во кој ќе спроведеме низа од интересни настани, пред сè, за анимација и забава на нашите клиенти, но проследени со акции и поволности при купувањето во нашиот салон”, вели Горан Цветанов, раководител во Олимпико.

Покрај тековната акција при што за купени комплет од четири гуми се добива на подарок повеќенаменски компресор за пумпање, во текот на мај, Олимпико обезбеди специјални цени, поволности и други подароци за сите производи од семејството на Michelin,каде што се вбројуваат и пневматиците на BFGoodrich, Kleberи наTigar.

Олимпико е една од првите компании во Скопје која што веќе 26 години се занимава со продажба и монтажа на пневматици од светски познати брендови, со сопствен репрезентативен салон и сервис на брегот на Вардар, спроти Хубо маркетот.

Слично

Поврзани вести