Економија, финансии, бизнис

Контакт

САЛМОНЕЛА: Нови заболени – јаделе од истата сендвичарница во Драчево

САЛМОНЕЛА: Нови заболени – јаделе од истата сендвичарница во Драчево
Уште две лица се јавиле на Инфективната клиника од вчера со исмптоми на труење со салмонела. Станува збор за деца на 3-годишна и 17-годишна возраст, со кои бројот на затруени од Драчево во овие два дена се искачи на 39. И новите заболени откриле дека јаделе сендвичи од иста сендвичарница и ги имале истите симптоми со останатите затруени. Првичните претпоставки се дека се работи за труење со салмонела, бидејќи сите заболени ги имале симптомите на таа бактериска цревна инфекција. Од нив, 12 се хоспитализирани, а останатите се пуштени на домашно лекување. Сендвичарницата е затворена, а Институтот за јавно здравје до утре треба да го потврди причинителот на труењето.
Слично

Поврзани вести