САКАТЕ РАБОТА ДАЛЕКУ ОД ЦИВИЛИЗАЦИЈА: Еве ви прилика!
Ако сакате работа далеку од урбаната средина, можно е таква и да пронајдете.
Планинарското друштво Пакленица од Задар бара домар кој ќе живее во планинарски дом, ќе се грижи за него и ќе заработува од планинарите.
Но, условите се интересни. Квалификации не се бараат, договор за работа нема да биде склучен, туку човекот ќе мора да отвори фирма за угостителство.
Значи домарот ќе живее од продажба на храна. Тој ќе мора цела година да биде во домот, да се грижи за него, и да планира резервации.
Од Националниот парк Пакленица домот е оддалечен час и половина одење пеш.
Слично
