Сакате покачување - облекувајте се како вашиот шеф
Британско истражување ја откри тајната за издигнување во кариерата - облекувајте се како шефот си.
Истражувањето покажува дека 68% од менаџерите пројавуваат претпазливост кон вработени со сличен начин на нивното облекување.
Истражувањето ја потврдува старата поговорка "облекувајте се за работата што ја сакате, не за онаа која ја имате во моментов".
Синџирот продавници Дебенамс која го направила истражувањето, забележала нов канцелариски тренд во Велика Британија на "службени близнаци". 61% од анкетираните 2.000 лица изјавиле дека облекувањето како нивните колеги го зголемува екипниот дух и доведува до поголема продуктивност.
54% од учесниците во анкетата изјавиле дека влијаат многу од начинот на облекување на менаџерите и колегите.
33% рекле дека тимот во кој работат, свесно купува исти алишта и планира да ги носи во ист ден.
32 отсто од анкетираните споделиле дека откривале случајно дека се облечени како нивните колеги во просек два до три дена во неделата. Ова се објаснува како потсвесна акција, диктирана од поминување на многу долго време заедно.
„Луѓето обично се привлечени од луѓе кои личат на нив , бидејќи разликата може да се сфати како закана. Луѓето се чувствуваат безбедно кога се облечат подеднакво. Така тие ја сигнализираат потребата да се дел од групата. Тимот кој избира ист стил на облекување за работа, ја покажува кохезијата. Тоа може да рефлектира поширока култура на соработка во организацијата или силна потреба од конформизам“, вели психологот од универзитетот во Хертфордшир д-р Карен Паин.
„Лидерите често назначуваат и им даваат зголемување на луѓе кои се како нив.
Облеката е најкраткиот пат за разбирање на тоа кои сме и какви сме, но истражувањето покажува дека таа може да го промени и карактерот на човекот. Значи луѓето кои се облекуваат како шефот, го гледаат и однесувањето на лидерот. Тоа дури може потсвесно да влијае на другите да ги гледаат како раководни кадри. Може да се каже дека луѓето кои се облекуваат како раководителите, откриле паметен начин да бидат забележани и запишани“, додава психологот.
