САКАТЕ НА МОРЕ, А НЕ САКАТЕ МНОГУ ДА ПЛАТИТЕ: Летувајте во оваа земја и поминете евтино!
Доколку ви досади секоја година да летувате во Црна Гора, или сакате да посетите некоја друга земја која не е Грција а да не потрошите многу пари, тогаш вистински избор за вас е оваа туристичка дестинација.
Доколку се одлучите да летувате овде може да поминете и за само 150 евра доколку преку некоја агенција уплатите хотел со помалку ѕвезди. Ако решите да дадете повеќе пари, за 500 евра ќе уживате во луксузни хотели со пет ѕвезди. Значи ако сте со „плиток“ џеб Бугарија е вистинска дестинација за вас.
Во септември, август и јуни престојот во Бугарија е поевтин отколку во јули кога е екот на зесоната, па во тие месеци цената на сместување се движи од 8 до максимални 30 евра за ден . Просечната цена на престој во хотел и со 2 и 3 ѕвезди на база ноќевања со доручек во споменатиот период е околу 12 евра.
А еве и кои градови ви предлагаме да ги посетите, ако одлучите да летувате во оваа земја.
Најпопуларни летувалишта во Бугарија се Несебар, Китен и Сончев брег, а тука се Варна и Златните песоци.
Несебар е град на Црно Море, претставува административен центар на општина Несебар. Тоj е еден од наjстарите градови во Европа. Пристанишен град со 22 311 жители, со развиен морски туризам и голем број хотели. Градот е непосредно поврзан со вториот наjголем туристички центар на Црно Море - Сончев Брег.
Несебар е под заштита на УНЕСКО со неговите културни, историски и природни реткости. Античкиот град е сместен на полуостров. Денес на полуостровот се наоѓа само помал дел од градот.
Китен е приморско летувалиште на брегот на Црното море, кое со задоволство го посетуват многу туристи. Од главниот град Софија е оддалечен 450 км источно. Совршен град за млади, со многу добри дискотеки, продавници и кафичи.
Сончев брег е најмодерно летувалиште на Црното море сместено во 8 км долг песочен залив кој формира полумесечина, свртен на исток. Северниот дел на летувалиштето се издига низ Стара планина.
Златни песоци е еден от најпознатите курорти во Бугарија. Лоциран е на северниот црноморски брег, околу 17 км од центарот на Варна. Плажата покриена со златен песок, е со должина 3,5 km и е широк до 100 m.
