Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сакате да ослабнете? Тогаш мора прво да изедете нешто слатко!

Сакате да ослабнете? Тогаш мора прво да изедете нешто слатко!

Иако луѓето кои имаат проблеми со килограмите, знаат дека треба да се откажат од слатки, новата студија тврди дека тоа е погрешно. Научници од Универзитот во Лондон велат дека луѓето кои се на диета не треба да се откажат од десерт.

Тие откриле дека тајната на слабеењето би можела да биде во започнување на оброкот со намирници богати со шеќер. Знаејќи дека глукозата, односно шеќерот од колачите, чоколадата, и другите слатки е една од главните извори на енергија за мозокот, и токму со темпирање на јадењето може да се постигне подобра ефикасност на слабеењето. Научниците објаснуваат како протеинот од мозокот глукокиназа бележи колку глукоза имаме изедено. Ако тој внес е премал, организмот копнее за храна со повеќе шеќер и калории што доведува до прејадување.

„Штом се задоволат елементарните потреби за шеќер, апетитот е под контрола и полесно е да се задоволи со помалку калорична и здрава храна“, рекол Џејмс Гарднер, пишува Дејли Меил.

Слично

Поврзани вести