САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ПРОДУКТИВНИ: Почнете да ги следите советите на Тесла
Тесла за животот открил некои навики кои му помогнале да биде исклучително продуктивен.
Никола Тесла е познат по своите бројни проекти и интереси, а изгледа дека имал одредени стратегии со кои успевал да оствари речиси се што замислил.
Научникот за животот открил некои навики кои му помогнале да биде исклучително продуктивен, а ние ги споделуваме со вас.
1. Размислете пред да направите нешто
Тесла имал развиена способност за визуелно размислување, тврдел дека може целосно да замисли цели проекти и уреди пред да ги направи. Иако не поседуваат сите таква способност, неа е можно да ја зголемите со едноставна концентрација на само еден проблем.
„Мојата метода е поинаква. Не брзам со конкретна работа. Кога добијам идеја, веднаш тргнам со изработка во својата фантазија“, наведува Тесла во својата автобиографија.
2.Прошетајте
Тесла сакал да шета како би поттикнал креативност. Се верува дека неговите прошетки биле помалку опсесивно - компулзивни, но тоа не значи дека немале своја предност. Постои анегдота според која идејата за наизменична струја на Тесла му текнала токму за време на една од неговите прошеки во Будимпешта.
3. Решавајте ги проблемите сами
Познатиот научник сметал дека проблемот најдобро се решава со повлекување во самица.
„Умот е остар и концентриран во осаменост и непрекината самотија. За размислување не е потреба голема лабораторија“, тврдел тој.
Според неговото мислење, човечкиот ум е најкреативен кога не му сметаат надворешни влијанија.
