Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сакаш во Данска? Мора да работиш!

Сакаш во Данска? Мора да работиш!

Данската премиерка Хел Торнинг Шмит лансираше странска кампања во која најавува официјално заострување на условите за добивање на азил и престој во таа скандинавска земја.

На плакатите на левичарската Социјадемократска партија чиј лидер е таа, нејзината фотографија и потпис стојат со две недвосмислени пароли: „Остри правила за добивање азил и повеќе барања за доселениците“ и  „Ако дојдеш во Данска, мора да работиш“.

„Бегалците и доселениците кои се на социјална помош, мора да работат. Јас сакам таква заедница во која секој допринесува онолку колку може“, пишува на плакатот.

Реториката на данската премиерка според аналитичарите, досега била резервирана само за партијата на десниците.

Helle-Thorning-Schmidt

Слично

Поврзани вести