Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД: Теориите дека сме нарачале атентат на амбасадорот Карлов се луди

САД: Теориите дека сме нарачале атентат на амбасадорот Карлов се луди

Стејт департментот на САД побрза со демантирање на сите теории или шпекулации дека во нарачката и извршувањето на атентатот врз рускиот амбасадор Андреј Карлов во Анкара учествувале Американци. 

„Тоа е лудо тврдење, апсолутно невистинито, нема никаква основа ниту вистина, тврди Џон Кирби портпаролот на Стејт департментот на САД. Кирби вети и дека ќе биде објавен целосниот разговор меѓу Државниот секретар Џон Кери и турскиот премиер Чавушоглу. 

Дел од безбедносните служби на Турција по самиот атентат тврдеа дека полицискиот специјалец Мевљут Алтинаш бил гневен на Ердоган и дел од прогласената терористичка организација „Фето“ која наводно му служи на истераниот проповедни Фетула Ѓулен кој има заштитен азил во САД. 

Сепак, одговорноста за атентатот ја презедоа сириски џихадисти од погранокот на Ал Каеда, а и самиот Алтинаш извикуваше „Запамтете го Алепо, ние таму гинеме, вие тука ќе умрете“.


Слично

Поврзани вести