Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД И ЗАДАДЕ УДАР НА КИНА: Алибаба повторно на црната листа!

САД И ЗАДАДЕ УДАР НА КИНА: Алибаба повторно на црната листа!

САД го вратија кинескиот гигант веб сајтот за електронска трговија на Алибаба на црната листа платформи познати по продажба на фалсификувани услуги и кршење на правата на интелектуална сопственост.

Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR), која пред четири години го отстрани Алибаба од својата годишна црна листа повторно ја врати платформата на Алибаба за е-трговија Таобао на својата најнова листа, наведувајќи дека не прави доволно за запирање на продажбата на фалсификувана и пиратска стока.

-Taobao.com e-commerce платформата значајно загрижува поради обемот на наводно 

фалсификувана и пиратска стока која ја нуди и проблемите кои ги имаат сопствениците на сопственички прва на укинување и спречување на незаконска продажба и понуда на такви услуги-соопштила таа канцеларија.

Иако уклучувањето на црната листа не повлекува никаква казна , тоа е удар на Алибабината репуцаија, бидејќи компанијата се бори да го подобри имиџот и да ја зајакне меѓународната продажба.

Најголемиот кинески онлајн трговец соопшти дека е разочаран“ од одлуката, додавајќи дека работи на унапредување на контрола на стоката која е во понуда на неговите платформи.

Како и да е, Алибаба и нејзината интернет страница Taobao веќе долго време се обвинуваат како платформи за продажба на фалш стоки.

Алибаба е суспендирана од Меѓународниот сојуз за контрола на фалсификат во мај годинава.

Слично

Поврзани вести