Сабота ни носи слаби врнежи од снег
Првиот ден од викендов не очекува помирно време за разлика од петок.
Од МЕТЕОПРО соопштуваат дека во текот на денот ќе има умерена облачност, а слаби врнежи од снег се очекуваат во текот на вечерта и тоа во длови од западниот и северниот регион.
Минималната температура ќе има вредност околу 1°С низ поголем дел од населените места, a минимална до 4°С се очекува во Гевгелиско - Дојранскиот крај. На повисоките места минималната ќе „падне“ до околу -4°С.
Максималната температура ќе има вредност околу 5°С низ котлините во земјава. Во јужниот дел на земјава максималната ќе достигне вредност околу 10°С, а на повисоките места во западниот регион околу 0°С.
Во Скопје се очекува променливо време со повремени сончеви периоди. Во втората половина од денот не е исклучуваме можноста за повремен и слаб снег. Минималната температура ќе има вредност околу 1°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 6°С.
