Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руското ембарго за увоз за некого е добродојдено

Руското ембарго за увоз за некого е добродојдено
Одлуката на Русија да го забрани увозот на прехранбени производи од САД и ЕУ претставува одлична можност за јужноамериканската индустрија и за земјоделскиот сектор. И покрај проблемите да го задоволат огромниот руски пазар заради високите трошоци за производство, аналитичарите проценуваат дека Бразил, Аргентина и Чиле би можеле да ги снабдуваат помалите руски макрети. „Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин може да ги поттикне јужноамериканските фирми да се свртат кон рускиот пазар“, вели Хесус Валдес Диас де Виљегас, професор по економија на Универзитетот во Мексико. Сепак, постои одредена внимателност заради политичката ситуација во Русија предизвикана од санкциите кои и беа воведени на таа држава. „Одлуките за трговска соработка со Русија ќе ги донесуваат самите фирми за тие да не ја одразуваат политичката поддршка на јужноамериканските земји за Русија“, оценува Диас де Виљегас. Руските власти веќе одлучија да увезат некои видови на месо и млеко од Бразил, најголемиот производител на храна во овој регион. „Од економска гледна точка, тоа е одлична можност за Бразил, но од политичка перспектива тоа е проблем со кој Бразил допрва ќе треба да се соочи“, вели директорот на Здружението за надворешна трговија Хозе Аугусто де Кастро. Според него, Бразил е добар во секторот за производот на месо, особено пилешко, но веќе нема да понуди соја за годинава. Овошното производство е поразвиено во Чиле. Де Кастро проценува дека бразилскиот извоз за Русија би можел да биде зголемен од 300 на 500 милиони долари и оти токму Чиле ќе му биде главен конкурент на Бразил. Аналитичарите сметаат дека краткорочно ќе се зголеми продажбата на јаболка, сливи и лосос од Чиле. Русија е заинтересирана и за Аргентина, особено за нејзиното јужно овошје, месото и некои млечни производи. Русија на тој начин би ги заменила производите кои досега ги увезувала пред се од Германија, Италија и Холандија.
Слично

Поврзани вести