Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски хакери украле 1,2 милијарди лозинки

Руски хакери украле 1,2 милијарди лозинки

Група руски хакери украла, како што се проценува 1,2 милијарди Интернет лозинки, од кои некои им припаѓаат на значајни американски компании, но и други фирми од светот, пишува „Њу Јорк тајмс“.

Доверливи имиња на корисници и лозинки според податоците на компанијата „Холд секјурити“ се украдени од околу 420.000 веб сајтови, со што на групата и станале достапни 500 милиони имеил профили, пренесува АФП.

Алекс Холден, основачот на „Холд секјурити“ нагласува како повеќето сајтови „се `уште се ранливи“.

Групата хакери како што се наведува е составена од помалку од 10 лица на околу 20 години. Нивната работа е концентрирана на југот на Централна Русија, а се верува дека и нивните компјутерски сервери се во Русија.

Слично

Поврзани вести