Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите го сакаат македонското грозје-извозот зголемен четирикратно

Русите го сакаат македонското грозје-извозот зголемен четирикратно

За четири пати Македонија го зголеми извозот на грозје на рускиот пазар, заземајќи го 14. место меѓу земјите од кои Русија увезува грозје. Минатата година од Македонија во Русија се извезени 1.422  тони трпезно грозје, во вредност од 871 илјади евра. Од оваа количина повеќе од половина или 60 отсто се извезени само во октомври.  Претходно Македонија го заземаше 17. место на листата на земји од кои Русија увезува грозје. Минатата година вкупната размена со Русија изнесуваше 393,5 милиони долари, од кои увоз е 360,3, а извозот 33,14 милиони долари.

Слично

Поврзани вести