Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија врати 174 тона јаболка од Македонија

Русија врати 174 тона јаболка од Македонија

Руската фито и санитарна инспекција не дозволила увоз во Русија на повеќе од 174 тони јаболка од Македонија, бидејќи имале лажни сертификати, наведува РИА новости, повикувајќи се на таа служба, а пренесува бета.рс.

„Во Нижни Новгород упатени се девет испораки на јаболка, со вкупна тежина од 174 тона. Во согласност со документацијата овошјето наводно е произведено во Македонија“ , се наведува во соопштението и се додава дека инспекторите востановиле дека јаболките потекнуваат од Европа.

Инспекторите процениле, како што е соопштено, дека несовесни европски трговци со тоа се обиделе на рускиот пазар да продадат роба за која немале дозвола.

Претставник на фото и санитарни инспекции рекол дека не е утврдено од каде потекнуваат јаболките кои се вратени во Македонија.

Слично

Поврзани вести