Русија со закани: Ќе се одмаздиме за протерувањето на руските дипломати
Русија дефинитивно ќе се одмазди за протерувањето на руските дипломати од бројни западни и источноевропски влади, но тоа ќе го направи кога сама ќе одлучи кога е примерно време, изјавил во средата портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
Протерувањето беше резултат на труењето на Скрипал и неговата ќерка. Лондон тврди дека Москва е одговорна за тоа, но Русија негира вмешаност.
Песков не изнел никакви детали за тоа каков ќе биде рускиот одговор, но изјавил дека ќе биде во склад со руските национални интереси.
Слично
