„Со бојкотот на спортските натпревари ретко кога нешто е постигнато и затоа немам што да кажам за таквиот предлог“ изјавил за „Handelsblat“ Тео Цванцигер, член на извршниот одбор на ФИФА и поранешен претседател на Германскиот фудбалски сојуз ДФБ.
Ник Клег: Русија не смее да биде домаќин на Светскиот Куп
Заменикот на британскиот премиер Ник Клег денеска се придружи кон апелите на Русија да не и се дозволи да биде домаќин на Светскиот фудбалски куп во 2018 година после соборувањето на малезискиот патнички авион над источна Украина, со што на запад се откриени проруски сили од тоа подрачје.
Лидерот на либералните демократи, чија партија е помлад коалиционен партнер во конзервативната влада на премиерот Дејвид Камерон, изјави дека спортските натпревари и манифестации би требало да влезат во новиот пакет санкции кои ЕУ и ги воведува на Москва.
„Не можете да дозволите овој убав спорт да го расипе грозната агресија на Русија на руско-украинската граница. Не само што Владимир Путин тоа ќе го злоупотреби, мислам дека остатокот на светот би изгледал толку слаб и неискрен во протестите на негова сметка, ако не бидеме подготвени да ја исклучиме Русија“, рекол Клег за „Сндеј тајмс“.
