Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија до среда очекува одговор – дали Македонија го кршела трговското ембарго?

Русија до среда очекува одговор – дали Македонија го кршела трговското ембарго?
Руските власти до среда очекуваат одговор од македонските власти - што покажала истрагата и дали македонски фирми реекспортирале европски производи на рускиот пазар, кршејќи го така руското трговско ембарго кон ЕУ. Македонските власти потврдуваат дека истрагата е завршена, но Владата се уште не ги разгледала резултатите и затоа тие не се објавуваат. „Откако ќе биде разгледано на владина седница, би ја информирале јавноста и сите други засегнати страни. Се надевам и очекувам разбирање дека во овој момент, пред да бидат разгледани сите податоци, не би било коректно ни продуктивно да соопштуваме одредени детали“, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Доколку се утврди дека земјава го нарушила трговското ембарго, се соочува со можност и таа да биде ставена на „црна“ листа, а извозот на македонски производи на рускиот пазар да биде времено забранет. Руските власти се сомневаат дека македонски фирми извезувале европски производи во Русија прикажувајќи ги како македонски, пред се јаболка и компири.
Слично

Поврзани вести