Рунтевски:За два дена ќе се знае дали млекото од „Дукат“ е токсично
За два дена ќе се знае дали увезените 360 литри сомнително млеко од “Дукат“ има афлатоксини, информираше денеска Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Како што соопшти директорот Рунтевски, овие количини млеко воопшто не се пуштени во промет. Се наоѓаат во магацините на дистрибутерите.
„Контролите на афлатоксини во млеко не се дел од редовните анализи на граничните премини, а овие контроли обично се спроведуваат по добивање евентуални сознанија за можно присуство на недозволени супстанци“ истакна Рунтевски..
Слично
