Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ротари конференција ќе се одржи во Охрид

Ротари конференција ќе се одржи во Охрид
Во Охрид ќе се одржи голема регионална конференција под назив „Иднината на регионот“,  со цел испраќање на порака за пријателство и мир од Македонија, за економска соработка и грижа за младите генерации. Ќе се промовира Сојузот на Ротари клубовите од Македонија во рамките на Ротари Интернационал, но ќе се претстави и Република Македонија како колевка на луѓе со добра волја на Балканот. На конференцијата се поканети да учествуваат Ротаријанци од Албанија, Бугарија, Косово, Македонија, Северна Грција, Србија, Турција и Црна Гора, и се очекуваат повеќе од 250 пријави за учество. Официјален јазик на конференцијата ќе биде Англиски но за ротаријанците на кои им е тоа потребно, ќе биде обезбеден симултан превод за време на работниот дел на конференцијата. Оваа конверенција не е замислена да биде само можност за средби и развивање на добра волја меѓу ротаријанците од разни нации, религиски или етнички припадности, и за ширење на заедништвото и јакнење на меѓусебното пријателство. Учесниците на конференцијата, ќе имаат единствена прилика да чујат видувања за политички, економски и социјални аспекти на животот на луѓето од регионот, преку излагањата на истакнати меѓународни експерти, широко почитувани заради своите познавања и позитивниот придонес за регионот.  Поттикнати од зборовите на Претседателот на Ротари Интернационал Калјан Банерџи за 2011/2012 година и почитувајќи еден од основните принципи на филозофијата на Ротари, кој промовира унапредување на меѓународното разбирање, ширење на добра волја и мир, преку дружењето на Ротаријанците од цел свет, Сојузот на Ротари клубови во Македонија реши да ја организира оваа регионална Ротари конференција. .

           

Слично

Поврзани вести