Рокот за субвенции за млеко и несилки завршува на 15 мај
Рокот за поднесување барања за субвенции за предадено млеко од октомври до декември лани завршува на 15 мај, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Се исплаќаат 3,5 денари за литар, а барањата се поднесуваат електронски, во подрачните единици на Министерството за земјоделство.
На 15 мај истекува и рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од октомври до декември 2015 година. Висината на помошта е 100 денари за купена и внесена несилка во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца. Барањата се поднесуваат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или пошта.
