Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рокот за осмиот ИПАРД повик пролонгиран до 30 септември

Рокот за осмиот ИПАРД повик пролонгиран до 30 септември
Осмиот јавен повик за користење средства од ИПАРД програмата, што требаше да заврши денеска, е пролонгиран до 30 септември, информираат од Платежната агенција. Како што велат оттаму, рокот е продолжен со цел да им се излезе во пресрет на потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување на ИПАРД средствата. Финансиските средства предвидени со повикот се наменети за инвестиции на земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.
Слично

Поврзани вести