Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рокот истекува - поднесете барање за субвенции за житни култури

Рокот истекува - поднесете барање за субвенции за житни култури

Рокот за пријавување на субвенции за житните култури предадени во преработувачките капацитети истекува денеска. 

Барањата се доставуваат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Субвенциите ќе можат да ги користат земјоделците кои имаат површини од 10 до 50 хектари со приноси поголеми од просечните.

Фрамерите производители на пченица, јачмен, сончоглед, ’рж и овес можат да поднесат барање за добивање дополнителна субвенција од 4 800 денари за хектар.

Услов е житото да биде произведено на површини од 10 до 50 хектари со сертифициран семенски материјал и да биде предадено во мелниците. 

Треба да се ожнеани и приноси поголеми од 4.000 килограми за пченицата, 3.000 за јачмен, ’рж и овес или 1.800 килограми по хектар за сончоглед. 



Слично

Поврзани вести