РОДИТЕЛИТЕ НА ДАРКО ПРОГОВОРИЈА: Каква е неговата здравствена состојба?
Родителите на Дарко Лазиќ дошле во болницата во Земун кај својот син, а со нив била и свршеницата Марина.
Таткото на Дарко бил краток и јасен: -Дарко е добро“.
Повеќе од тоа не сакал да коментира и ги замолил новинарите да не го прашуваат ништо, пренесуваат српски медиуми.
Родителите на Лазиќ ја напуштиле болницата на кратко, а потоа се вратиле со полни кеси во кои носеле намирници, сокови, овошје и останати потребни работи.
Инаку, претходно денеска лекарите соопштиле дека тој нема да биде префрлуван во друга болница.
Стравичната несреќа се случи на 23 октомври во 8,30 часот на патот од Суботиште кон Брестач кај Печинац.
FOTO:Kurir.rs. JELENA STUPARUŠIĆ
Слично
