Економија, финансии, бизнис

Контакт

Робот ја склопи Рубиковата коцка за помалку од секунда

Робот ја склопи Рубиковата коцка за помалку од секунда

Додека луѓето се трудат да ја склопат Рубиковата коцка за помалку од 5 секунди како најчесто постигнувано време кај генијалците, роботите ја презедоа доминацијата и поставија време под 1 секунда. 

Роботот SUB1 благодарение на новиот процесор за само 0,637 секунди во 21 потег ги склопи сите страни на коцката во иста боја и постави нов механички рекорд. Овие подвизи на инжинерите им овозможуваат да ја унапредат вештачката интелегенција кај машините и способноста за брзи аналитички операции. 

Само за потсетување, 20 годишниот Матс Валк од Холандија пред неколку дена постави нов рекорд во составување на Рубиковата коцка, за време на "Јава Тиму Опен" викендот во Индонезија. Валк успеа да ја состави коцката за 4,74 секунди, што беше подобро од претходниот рекорд на 14 годишниот Лукас Етер од минатата година, кој изнесуваше 4,90 секунди.


Слично

Поврзани вести