Робин Вилијамс уште ќе го гледаме – зад себе остави четири филма
Четири целосно завршени филма оставил зад себе починатиот холивудски актер Робин Вилијамс, кој се самоуби вчера во својот дом во Северна Калифорнија.
Вилијамс беше познат како актер кој истовремено работел на повеќе филмски проекти, а непосредно пред смртта завршил четири кои треба да бидат промовирани во следниот период.
Така од 19 декември ќе го гледаме во остварувањето „Ноќ во музејот: Тајна на гробницата“, а потоа во „Среќен Луд Божиќ“, комедијата „Апсолутно ништо“, каде го позајмува својот глас на кучето Денис и „Булевар“, кој веќе добро помина на Трајбека филмскиот фестивал.
Сите четири филма биле во целост завршени пред ненадејната смрт на актерот.
Слично
