Роберт де Ниро ќе гради комерцијален комплекс во Шангај
Роберт де Ниро уште еднаш потврдува дека не е само актер, тој стана и сериозен инвеститор. Доказ за тоа е амбициозниот проект што сака да го реализира во самиот центар на Шангај, заедно со еден американски конзорциум.
Станува збор за голем комерцијален комплекс, „Проект 179“, што ќе биде покренат во историскиот дел на градот, недалеку од шеталиштето Бунд кој се простира по должината на реката Хуангпу. Комплексот, чие отворање е предвидено за 2016 година, ќе опфаќа 76.500 квадратни метри и ќе се состои од хотели, неколку продавници, концертни сали и кино сали.
Слично
