Економија, финансии, бизнис

Контакт

РК Вардар нуди награда за украден лап-топ

РК Вардар нуди награда за украден лап-топ

Ракометниот клуб Вардар и преку социјалните мрежи ги бара украдените лични документи на тренерот на голманите Дејан Периќ и понуди награда за тој што ќе ги пронајде. Поранешниот европски шампион наведе дека „за чесниот пронаоѓач следува награда“, иако не кажува за каква и колкава.

На тренерот на голманите на РК Вардар, Дејан Периќ му се украдени личните документи и лаптопот. Од клубот и преку социјалните мрежи се обидуваат да го пронајдат крадецот.

„На нашиот тренер на голмани Дејан Периќ му се украдени личните документи и преносниот компјутер.

Бидејќи истите се од голема важност за тренерот, но и екипата доколку некој има информација или истите ги најде го молиме да пријави во полиција или пак во РК Вардар.


Слично

Поврзани вести