Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ристовски се закани: Квалитетна храна во училиштата или казните ќе бидат безмислосни!

Ристовски се закани: Квалитетна храна во училиштата или казните ќе бидат безмислосни!

Сите добавувачи на храна за деца во образовните установи да внимаваат на нејзиниот квалитет или во спротивно ќе се соочат со санкции, апелираше министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

„Апелирам тие да бидат максимално внимателни, затоа што во тој случај веќе нема да дискутираме за централизирана или децентрализирана одговорност, одговорност на Министерството или на општината... Во таква ситуација ќе ги ангажираме сите можни надлежни институции затоа што сме безмилосни кога станува збор за здравјето на децата и нема да дозволиме никој да експериментира и да реализира неквалитетна достава на храна кога станува збор за ученци во училиштата, изјави Ристовски. Тој присуствуваше на Отворениот ден за органска храна во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде започна и кампања за важноста на овој вид храна за луѓето, но и како сектор во земјоделството. Најави дека намера на Владата е да ја промовира органската храна, во училиштата и кај родителите. Органската храна ќе биде вклучена и во стандардите и протоколите за правилна исхрана во училиштата, што мултиресорски ги подготвуваат неколку министерства.

„Досега површината што се обработуваше со земјоделски култури како органско производство беше околу 1.370 хектари. Веднаш по воведување на мерките за поддршка на овој вид на производство, површините  во Македонија се проширија на 5.300 хектари. Над 90 проценти од вкупното производство на органски производи е наменето за извоз“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

По примерот на продавниците за македонско вино, Владата има намера да стимулира и отворање на продавници за македонски органски производи.

 
Слично

Поврзани вести