Економија, финансии, бизнис

Контакт

RISE JOURNEY: Отворен повик за апликации и можност за развој на зелени и социјални бизниси

RISE JOURNEY: Отворен повик за апликации и можност  за развој на зелени и социјални бизниси

Во рамки на проектот RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs), АРНО објавува повик за учество во наменски креираната програма наречена  „RISE Journey“ кој е отворен до 27-ми септември, 23:59 часот. Формуларот за аплицирање се наоѓа на овој линк (МК) и (АНГ)

·  Дали имате идеја или иновативно решение за нов и подобар пристап кон природата, образованието, зајакнување на жените, културата, руралниот развој, здравството или вработувањето ?

·  Дали сте млади (18-35) кои можат да работат во тим и се подготвени да развиваат своја идеја за зелен/социјален бизнис?

Доколку одговорот на овие прашања е ДА! слободно кликнете овде (МК) и (АНГ) и информирајте се за патешествието наречено „RISE Journey“ и условите за аплицирање.

RISE ќе поддржи и охрабри нова генерација на регионални креатори на промени кои ќе решаваат предизвици во своите локални заедници.  Вештините, знаењето и искуството во социјалното претприемништво ќе ви помогнат да ги решите социјалните и/или еколошките прашања или предизвици,  и ќе ви помогнат да изградите одржлив бизнис модел кој ќе генерира профит додека истовремено решавате општествен предизвик.

RISE = Регионален инкубатор за социјални претприемачи, е проект за мотивирани и посветени млади, подготвени да учат и да менуваат работи и да го подобрат целиот регион. Наша цел е да ги поддржиме вашите идеи за социјален бизнис, идеи што ќе го направат регионот подобро место. Пријавете се за учество во програмата!

Доколку имате прашања слободно пишете на arno.mkd@gmail.com.


Слично

Поврзани вести