Рибар пронашол порака во шише на брегот на Газа, содржината го изненадила
Палестинскиот рибар Џихад ал Солтан прилично се изненадил кога недалеку од плажата во близина на Газа во морето забележал порака во шише.
Шишето со порака преминало пат во Средоземното море долг речиси 800 км, а отпловило од плажата Родос каде во морето ја фрлил млад британски пар кој таму летувал во јули.
„Моментално сме на летување на Родос и би сакале да знаеме докаде ќе доплови ова шише. Јавете ни, дури и ако стигне само до соседната плажа“, пишува во пораката која ја потпишале Зак и Бет.
Одговарајќи на е-маил адресата назначена во пораката Солтан открил дека испраќачи на пораката во шишето се студентката Бетани Рајт и нејзиниот дечко Зак Маринер.
Солтан рекол дека бил многу изненаден кога сфатил дека шишето успеало да ги помине сите препреки во Средоземното море, со оглед на израелската поморска блокада и зона на ограничување на риболов, која Израелците ја вовеле со цел да спречат криумчарење на оружје .
„За разлика од нас рибарите кои не смееме да отпловиме подалеку од 10 км од брегот, ова шише успеало да ги преплива меѓународните води и да премине бројни граници. Се надевам дека еден ден и ние ќе бидеме вака слободни“, рекол тој.
