Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ресторанот на винаријата „Стоби“ доби четири ѕвезди

Ресторанот на винаријата „Стоби“ доби четири ѕвезди
Комисијата за категоризација на угостителски објекти при Министерство за економија на ресторанот на винаријата „Стоби“ во Градско му додели четири ѕвезди – највисоката категоризација што им се дава на угостителските објекти. Како што информираат од винаријата, обученоста и подготвеноста на персоналот на „Стоби“ да одговори на сите прашања на гостите во врска со вината, храната и начинот на подготвување, е истакната како еден од најважните елементи при доделувањето на највисоката категорија. Највисока оценкa доби и барот. Утврдено е дека во кујната се работи со модерни апарати и професионална опрема и што е исто така важно дека персоналот ги почитува највисоките стандарди за чување на храната и инвентарот. „Одлична оценка доби и инвентарот во ресторанот, како и приборот за јадење од најпознатите светски производители на порцелански садови (Баушер) или пак на пример сребрениот прибор за јадење полиран со специфичен нерѓосувачки челик, што истовремено дава исклучителнaта тврдост и висок сјај“ се вели во соопштението од „Стоби“
Слично

Поврзани вести