Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ресторан – тоалет, нов хит во Лос Анџелес!

Ресторан – тоалет, нов хит во Лос Анџелес!
Во Лос Анџелес се отвори ресторан во кој клиентите се хранат од тоалет- чинии, концепт донесен од Азија , објави АФП . И самиот ресторанот се вика „Магичен тоалет " . Посетителите седат на тоалетни школки, а и масите се со истата форма. Човек би се зачуди кога би посетил сличен ресторан , но официјалното отворање на крајот на минатата недела беше спектакуларен успех . „ Во текот на викендот имавме страшно многу клиенти. Немаше места за сите и некои чекаа во холот " , вели келнерот Даниел Чун . Идејата е од Тајван, а храната која се сервира е типична тајванската, како што се тестенините со говедско . Тоалет темата е присутна и во менито , во кое се забележуваат јадења инспирирани повторно од тоалетот. Сепак клиентите се фасцинирани од оригиналноста , храната и услугата, пренесуваат дел од медиумите во САД. „Го служат мојот пилешко во  „уринатор“ и ракчиња со ориз во минијатурна тоалетот- чинија . Глупаво е , но штосно. Исто така и храната е супер ", изјави Дениз Елиас , клиентка во ресоранот . Сепак „Вашингтон пост " и други весници се поиграа „Магичниот тоалет " . „Името е одвратно.  За останатото - да не ги спомнуваме !" , напиша Силија Утавара од ЛА .
Слично

Поврзани вести