Решена мистеријата за селото во кое навалија туристи
Селото Кидлингтон во Велика Британија од мај годинава почнаа масовно да го посетуваат туристи.
Тие го фотографирале селото и го разгледувале.
Меѓу посетителите имало многу туристи од Азија. Зошто го посетуваат селото тогаш не било познато.
По половина година, водич од кинеска агенција соопштил дека ги водат тука туристите за да видат типична англиска куќа. Вакви куќи не можат да се видат во големите градови.
Тој кажа дека Кинезите се воодушевени од местото затоа што е мирно и спокојно.
Мештаните направиле бизнис така што на посетителите им продавале чаеви.
Во ова село туристи уште доаѓаат.
Слично
