Економија, финансии, бизнис

Контакт

Решен проблемот со сообраќајот кај Порта Влае

Решен проблемот со сообраќајот кај Порта Влае
Нормализиран сообраќајот кај Порта Влае. Како што информираат од општината Карпош, секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи воспоставил повторна комуникација меѓу сервисната улица, паралелна со булевар „Партизански одреди“ и улицата „Есперанто“, преку постојниот паркинг простор. Сообраќајната комуникација е направена со поставување бекатон плочки и павер елементи на коловозот, со што се овозможи непречен дотур на стоки и материјали до дуќаните и деловните простори во Порта Влае, но и пристап до паркингот, посочија од општина Карпош.
Слично

Поврзани вести