Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ремек делото на Моне продадено за над 80 милиони долари

Ремек делото на Моне продадено за над 80 милиони долари

Познатата слика „Стог сено“ на импресионистичкиот сликар Клод Моне е продадена преку акција на куќата „Кристи“ за неверојатни 81.4 милиони долари. Ова е слика од неговата серија на масла на платно со стогови сено кои ретко се наоѓаат на јавни аукции и токму затоа цената која се достигна е астрономска. 

Конечната цена на аукцијата одржана во Њујорк речиси двојно ја надмина почетната проценка од 45 милиони долари. Аукцијата траеше 15 минути, што е невобичаено за продажба на таков формат. Претходниот рекорд е поставен во јуни 2008 кога сликата „Езеро на водени клинови“ се продаде за 80.4 милиони долари.

Слично

Поврзани вести