Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекореден раст на извоз бележи Макпрогрес од Виница

Рекореден раст на извоз бележи Макпрогрес од Виница
Компанијата Макпрогрес од Виница оствари позитивни економски резултати. Вкупните приходи достигнаа 17,6 милиони евра што е раст од 11,33 отсто во споредба со 2011 година,соопштува компанијата. Околу 6.000 тони кондиторски производи од брендот „винчини“  се извезени во 2012-та во вредност од над 12 милиони долари на рекордни 40 различни пазари на 5 континенти ширум светот. -Позитивните резултати најмногу се должат на големите напори на менаџерскиот тим и на раководните лица, производство и развој на нови производи и на континуираното подобрувањето на квалитетот и процесите во целокупното работење. На пазарот беа лансирани нови производи од брендовите „сончева долина“ производи од соја и црвена леќа како и од брендот „винчини“ нови чајни колачиња, штрудли, нови вкусови на перфето десерт и редизајнирани медењаци“, стои во сооштението на компанијата.
Слично

Поврзани вести