РЕКОРДНИ ПРИХОДИ: Колку уреди има продадено „Apple“ за последните три месеци?
Финансиските резултати на „Apple“ за четвртото фискално тримесечје на компанијата се повторно импресивни, иако не ги достигнаа очекувањата на аналитичарите во однос на продадените уреди. Приходите на Американците достигна 51,5 милијарди долари, а профитот е 11,1 милијарди долари (1,96 долари по акција), што е за 31% повеќе од минатата година (42,12 милијарди долари приходи и добивка по акција од 1 , 42 долари).
За периодот од три месеци биле продадени вкупно 48,04 милиони уреди на iPhone, што е за 36% повеќе во однос на минатата година. Голем удел за зголемувањето има Кина, каде снабдувањето пораснаа за 87%.
Компанијата има реализирано и 5,71 милиони парчиња на компјутерот Mac и 8,8 милиони од таблетот iPad - во првите ова е рекорден број, а кај вторите се забележува годишен пад од 20%. Во меѓувреме „Apple“ сеуште се воздржува од откривање на конкретните податоци за продажбата на паметните часовници.
